Анкетата беше спроведена на национален репрезентативен примерок од 1086 граѓани на град Куманово во периодот 5-12 септември 2021. Истражувањето беше спроведено на примерок од испитаници, етнички Македонци, Албанци, Роми и др. преку комбинација на телефонска (718 испитаници) и теренска анкета (368 испитаници). Структурата на испитаниците по пол, возраст, место на живеење, образование. При стандардно ниво на доверба од 95%, општата маргина на грешка изнесува +/- 3%.
Анализата на податоците вклучува стандардни тестови на статистичка значајност (вообичаено Chi Square тест или по потреба T-test)0F 1 , и тестови за испитување на интензитет на корелација/силина на врска (вообичаено Cramer’s V или Spearman, во зависност од видот на варијаблите) 1F 2 . Клучното прашање од интерес (поддршка од електоратот на избори) е анализирано и преку модел на мултиномиална логистичка регресија. Техничките податоци за применетата методологија се вклучени во фуснотите на текстот. За преглед на главниот текст не е потребно познавање на техничките концепти од статистичка анализа.
Со цел да се добијат резултати на локално/регионално ниво во разни делови од општината, примерокот е поделен на сегменти наречени проценти.
На вкупно ниво, разликата помеѓу Оливер Илиевски, Максим Димитриевски и Тони Михајловски не е статистички значајна. Тоа значи дека просечните нивоа на доверба се премногу изедначени и разликата може да резултира од примерочна грешка.
Заклучокот е дека кандидатите, во моментот на анкетата, имаат идентични нивоа на доверба кај граѓаните. Оваа состојба покажува дека довербата е речиси рамномерно распределена и не се забележуваат значајни отстапувања во поддршката.
Битно е да се напомене дека просечните оценки резултираат од приближно ист број на валидни одговори. Испитаниците, со мал број на исклучоци, или дале оценка за Оливер Илиевски, или не одговориле за останатите.